Малинков и во новата сезона на клупата на Гостивар

54

Македонскиот кошаркарски стретег, Љупчо Малинков официјално го продолжи договорот со КК Гостивар за уште една година.

По сезона исполнета со континуиран раст, и клубот и тренерот Малинков се согласија да ја продолжат успешната соработка.

Малинков минатата сезона го обезбеди опстанокот на Гостивар во кошаркарската елита, откако успеа во плеј-оф групата да се најде на едно од двете места кои обезбедуваа позиција во елитата и оваа сезона.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Алексовски маестрален против Тиквеш
СледноКоментар на 3.коло: Како Вардар, така и Шкендија, а Башкими си “гази“