Реал (М) ќе го добие Упамекано како слободен играч следното лето?

56
фото: Madrid Zone (X)

Дајот Упамекано сè уште не го продолжил договорот со Баерн Минхен, а се чини дека Реал Мадрид се обидува да ја искористи ситуацијата и да го убеди стоперот да им се приклучи следната сезона. Упамекано има уште една година од договорот со Баерн Минхен.

Реал Мадрид е подготвен да ја искористи ситуацијата, откако Баерн не успева никако да се договори за нова соработка со Французинот. Според „Билд“, шпанските гиганти се заинтересирани да го потпишат 26-годишниот централен дефанзивец и тоа како слободен играч следното лето.

Упамекано одигра 154 натпревари за Баерн Минхен откако дојде од РБ Лајпциг во 2021 година.

ПретходноСелекторот на С. Арабија со список од 27 играчи за тестот со Македонија
СледноИндија пред суспензија од страна на ФИФА