Бојан Димоски се враќа во Србија. Но не во тимот на Партизан каде што мина шест месеци како позајмен фудбалер, туку во тимот на ТСЦ Бачка Топола.
Според информациите кои доаѓаат од Србија, Димоски тимот од Војдодина ќе го чини 100.000 евра колку што сегашниот клуб на левиот бек, Акрон од Русија бара како обештетување.
Оваа сума за амбициозниот тим на ТСЦ реално не е проблем и менаџментот се одлучи да го доведе нашиот повремен репрезентативец.
Токму за денешната прес конференција по повод најновиот список на репрезентацијата на Македонија, а во пресрет на дуелите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, селекторот Милевски се осврна на статусот на Димоски изјавувајќи дека во моментот кога тој ќе го реши статусот со клубот дека повторно ќе биде во комбинација за повик во репрезентативниот тим.