И официјално, играчот за врска Данел Донгмо направи трансфер од Вардар во Петролул Плоешти, клуб од Романија. Камерунецот досега го носеше дресот на нашиот најтрофеен клуб, беше еден од најдобрите играчи на Вардар, па така одличните настапи му овозможија и трансфер.
Раководството на романскиот клуб го претстави Камерунецот за свој нов член и посочи дека успеале да донесат квалитетен фудбалер.
Инаку Донгмо и Петролул потпишале договор на две години.