Кристал Палас ја уништи Астон Вила и ја испрати во опасната зона

78
фото: Crystal Palace FC (X)

Кристал Палас го направи изненадувањето на колото во англиската Премиер Лига и убедливо ја совлада Астон Вила со 0:3. Фудбалерите предводени од Оливер Гласнер продолжија со добрата форма и по двата нерешени натпревари против Нотингем Форест и Челзи успеаја да стигнат до својата прва победа оваа сезона.

Резултатот го отвори Матета од пенал во 21-та минута. До крајот на првото полувреме немаше многу возбудувања, но во вториот дел гостинскиот тим засили и ја потврди победата. Најпрво Марк Гуехи ја затресе мрежата на домаќините во 68-та минута, а конечниот резултат го постави Исмаила Сар 10 минути подоцна.

Со оваа победа Кристал Палас се наоѓа на 8-мото место на табелата со 5 бода, а Астон Вила продолжи да реди лоши резултати и се наоѓа на 19-тото место со само еден бод.

ПретходноВМФЛ: Беласица го совлада Скопје за прва победа оваа сезона
СледноАлкараз го реши и Риндеркнеш и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен