Чудна одлука на СЕХА: Загреб е исто опасен како и Вардар1961!

946

СЕХА лига го исклучи Вардар1961 од фајнл-фор завршницата која овој викенд ќе се одржи во Задар.

Во таборот на македонскиот првак има едно лице позитивно на Ковид-19, иако голем дел од играчите се вакцинирани, сепак челниците на ова натпреварување одлучија местото на Вардар1961 да му подарат на ППД Загреб.

И сето ова ќе беше оправдано доколку хрватскиот тим вчера не играше токму против “црвено-црните”. Со оглед дека ракометот е игра со контакт, се прашуваме како во СЕХА се сигурни дека нема да се појави позитивен случај на Ковид-19 во редовите на ППД Загреб?.

Одлуката е дефинитивно чудна, точно е дека треба да се внимава во време на коронавирус, но ниту пак на ППД Загреб не му е местото на Ф4, не може никој да гарантира дека и таму нема да се појави Ковид-19. Играчите на овој тим беа последни во близок контакт со Вардар1961.

Но, се чини хрватското лоби добро притиснало на состанокот на кој долго време се воделе разговори за Вардар1961 и што понатаму.

ПретходноМладите тренираа на ММА Арената во Ле Ман
СледноМенди и натаму во притвор, одбиен предлогот за кауција