Потврдена суспензијата за атлетичарката која тврди дека паднала да допинг поради бурито

105

Судот за спортска арбитража во Лозана, вчера ја отфрли жалбата на американската атлетичарка Шелби Хулихан која доби супензија за учество во спортски натпревари во период од 4 години, поради користење недозволени стимулативни средства.

Допинг аферата на Хулихан започна во декември минатата година, кога даде позитивен допинг тест на анаболичниот стероид нандролон. Атлетичарката тврдеше дека забранетата супстанца влегла во нејзиното тело сосема случајно и тоа непосредно пред тестот, затоа што јадела свинско бурито?!.

Во своето писмо до Судот во Лоазана, Американката рече дека „никогаш не слушнала за нандролон додека не ги отворила документите“ испратени од Атлетската единица за интегритет (АИУ).

Судиите во Лозана одлучија дека објаснувањето на Хулихан дека нандролонот влегол во нејзиното тело со бурито е „малку веројатно“. Хулихан е американска рекордерка на 1500 и 5000 метри.

ПретходноЦиципас повторно направи прекин за да оди до тоалет, па се врати и победи
СледноБез Горан кон новиот сон – СП!