Италија пристигнува вечерва, Битола ќе ја види само на денот на натпревар

359

Репрезентацијата на Италија до 21. година е следниот наш противник во тукушто започнатите квалификации. „Азурите“ пристигнуваат во рамките од второто коло откако во премиерното во Специја, на домашен терен ја совладаа селекцијата на Црна Гора.

Македонија пак од друга страна во Полска, загуби со 3:0, па сега против најголемиот фаворит во групата ќе нараме рехабилитација на резултатски и играчки план.

Репрезентацијата на Италија според информациите на Спортспорт пристигнува денес попладне на аеродромот во Охрид. Таму всушност ќе биде и назата на италијаните во хотелот Инекс Олгица. Ќе тренираат на Градскиот стадион Билјанини извори, каде што ќе го обават официјалниот тренинг.

Самиот натпревар како што е добро познато се игра во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“ во вторник со почеток во 18:15 часот. Се е подготвено во градот на Конзулите за овој мега фудбалски настан, а битолчани и сите оние кои ќе присуствуваат на овој меч Италија ќе можат да ја видат исклучиво на самиот натпревар, не и пред тоа.

И Италија како и Македонија има нов селектор во името на Силвио Балдини кој што пред овој септемвриски двомеч со Црна Гора односно Македонија изјави дека очекува супер резултати, и единствен проблем му е кого да изостави од супер тимот на Италија со кој што располага во моментов.

 

ПретходноЛихтенштајн не смее да биде пречка за нашите Мундијалски соништа
СледноЗаврши ЕВРО сонот за Босна, Полска оди во четвртфинале