Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доби рекордни 5 милиони долари за освојувањето на Отвореното првенство на САД.
Неговиот награден фонд во кариерата сега изнесува 53,5 милиони долари, со што се искачи на шестото место на историската листа на тенисери со најголема заработувачка.
Пред него се уште се само Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј и Александар Зверев.