Откако имаше неуспешен обид за трансфер со Грегори Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и беше вратен назад МЗТ Скопје најде ново решение.
Станува збор за Американецот Хуан Дејвис (29 год, 203 см) кој веќе го има носено дресот на тимот од Аеродром и тоа во сезоната 2021/22. Искусниот крилен кошаркар потпиша до крајот на сезоната.