ФИФА ја прифати жалбата: Лапорт ќе биде нов играч на Атлетик(Б)

61

Атлетик Билбао доби дозвола да го регистрира Емерик Лапорт. Шпанците се договориле и го формализирале трансферот на дефанзивецот на Ал-Наср, но саудискиот клуб доцнел со испраќањето документи за договорот до TMS (Систем за усогласување на трансфери, ФИФА-Спорт). ФИФА одби да го регистрира играчот во Баскијците, па тие решија да се жалат.

Сепак, Атлетик денеска објави дека ФИФА ѝ дала дозвола на Кралската шпанска фудбалска федерација да побара сертификат за меѓународен трансфер од Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

На овој начин, клубот ќе може да го регистрира Лапорт кој треба да биде засилување за дефанзивата на Баксијците.

ПретходноОчекувано: Клашченко повеќе не е селектор на Молдавија
СледноФиналето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се одигра во Шпанија