Црногорката Ракочевиќ е нов среден блокер на Газели Волеј

27
фото: Gazeli Volley (Facebook)

Црногорката Теодора Ракочевиќ е првото странско засилување за новајлијата во женската Прва лига, екипата на Газели Волеј. Скопскиот тим продолжи да ги претставува новите имиња во клубот, па Ракочевиќ е промовирана во ново засилување на позицијата среден блокер.

Станува збор за репрезентативка на Црна Гора, која минатата сезона настапуваше за екипата на Бања Лука Волеј (БиХ), со која настапуваше во плеј-офот на тамошното првенство.

„Од сезоната очекувам многу, а тие очекувања произлегуваат од работата и начинот на кој ги сфативме претстојните натпревари. Подготовките течат одлично, тренерите внимаваат на секој, па дури и на најситен детаљ, што ќе се покаже кога ќе започне сезоната. Што се однесува до девојките, мислам дека сите имаме исти амбиции и дека ќе бидеме подготвени да се бориме за висока позиција на табелата“, изјавила Ракочевиќ за доаѓањето во Газели Волеј.

ПретходноАлими се враќа во Тетово: И реми ќе ни заврши работа
СледноИзраелските клубови во Евролигата ќе бидат домаќини во Белград и Софија, а не смеат да одат на гости во Турција