Голманот на македонскиот ракометен шампион, Саид Хаидарирад ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид. Според информацијата од клубот, станува збор за парцијална руптура на задната ложа.
Ова ќе биде проблем за нашиот шампион кој ќе мора извесен период да помине без неговите услуги. Од битолските „зелено-бели“ му посакаа на Саид брзо закрепнување и враќање на терените.