Шкендија со „тенка“ против Башкими

204

Екипата на Шкендија ја запиша третата победа оваа сезона, откако на домашен терен славеше против Башкими со 2-1 во првиот меч од петтото коло во ПМФЛ. Актуелниот првак има и едно реми, но и меч помалку поради настапот на европска сцена, на друга страна за гостите ова беше втор пораз, имаат и две победи и едно реми.

Шкендија поведе со голот на Решат Рамадани во 25-та минута. Рамадани најдобро се снајде во шеснаесетникот по корнерот на Красничи.

Во второто полувреме, Тамба го зголеми водството на Шкендија на 2-0 во 53-та минута. Сепак Башкими успеа да ја затресе мрежата на противникот, во 76-та минута Хаџиќ погоди од белата точка за 2-1. Имран Фетаи играше со рака пред својот гол, пеналот беше потврден по проверка на ВАР.

До крајот на натпреварот немаше изгледни шанси за промена на резултатот, иако и двата тима со удари од слободен удар се обидоа да со сменат резултатот. Шкендија преку Рамадани, а Башки со обид на Алими.

Денеска се игра уште еден натпревар од 5-то коло, Вардар е домаќин на Македонија Ѓорче Петров на Арената „Тодор Проески“.

ПретходноСлот: Не го донесовме Исак за две недели, туку за шест години!
СледноГерманија е првиот финалист на Европското првенство