Безеки победи на спринтот, утре тргнува прв и на ГН на Сан Марино

24
фото: Michelin Motorsport (X)

Марко Безеки триумфираше во спринтот за Големата награда на Сан Марино, благодарение на падот на Марк Маркез во шестиот круг. Возачот на Априлија донесе голема радост кај италијанската публика победувајќи на крајот на интересната спринт трка на која Алекс Маркез го освои второто место, додека како трет финишираше Фабио Ди Џанантонио.

Безеки претходно ја освои и пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Сан Марино. До првото место тој стигна со најдобро извозено време во квалификациите од 1:30,134 минути, оставајќи ги зад себе Алекс Маркез од Гресини и Фабио Квартараро на Јамаха.

Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез, ќе стартува од четвртата позиција, а во истиот ред друштво ќе му прават Франко Морбидели и Лука Марини.

ПретходноСП 2025: Данфи и Марфи ги освоија првите злата, одличја и за Чебет и Рајан Краузер
СледноАлкалоид со цел плен од Кавадарци, Пелистер го „сомеле“ Пролет