Шрудер: Знаеме што прави Атаман!

141
Фото: ФИБА

Денис Шрудер, плејмејкерот на Германија, зборуваше пред денешното (20 часот) финале на Евробаскетот во кое неговата репрезентација ќе ги одмери силите со Турција. Искусниот кошаркар е свесен какви игри игра Ергин Атаман, селекторот на Турција.

„Знам што прави Атаман и дека тоа му поминува, што е очигледно. Секоја чест за тоа. Но, ние размислуваме само за нас, како да играме како тим и да го донесеме трофејот дома.“

Доколку го освојат Евробаскетот, би ја обединиле златната медала со онаа од Мундобаскетот.

„Тоа би било голема работа за нас, за германската кошарка. Сите се подготвени да се борат,“ рече Шрудер и додаде:

„Верувам дека ќе биде многу возбудливо. Ова е голема шанса за нас, да напишеме уште една страница историја. Нашиот стил на кошарка е единствен, сакаме да играме, да покажеме колку сме брзи, дефанзивно цврсти. Ќе излеземе на паркетот и ќе бидеме подготвени за борба. Ќе шутираме многу тројки, ќе бидеме подготвени да бидеме на секој скок… Нашиот тим се потпира на тимскиот дух, многу е тешко да нè сконтираат ако играме на наше ниво сите 40 минути. Сакаме победа, многу е тешко да нè победат, само треба сè тоа да го покажеме на терен“.

 

ПретходноТудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!
СледноПоп Арсова заврши на 62. место во Токио