Поп Арсова заврши на 62. место во Токио

71

Најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова Рашиќ го освои 62. место на маратонот на Светското Првенство во Токио.

Адријана во лавовска борба со пеколните временски услови за маратон, го даде својот максимум за Македонија успевајќи да се пласира на 62-то место од вкупно 73 атлетичарки кои ја стартуваа трката, со време од 03:01.49.

Инаку за маратонот беа пријавени 100 атлетичарки, а настапија само 73.

ПретходноШрудер: Знаеме што прави Атаман!
СледноКрофорд влезе во историјата на боксот (ВИДЕО)