ПМФЛ полувреме: Пелистер погоди и пречка и статива, но не постигна гол

88
фото: FC Pelister (Facebook)

Првите 45. минути на последниот натпревар од 5. коло во домашниот прволигашмки шампионат меѓу Пелистер и Арсими завршија со почетните 0:0. Дуелот во Битола вечерва се игра под рефлектори, но во првиот дел од мечот гледачите немаа можност да проследат погодок.

Битолчани почнаа малку поофанзивно и можеа да го отворат резултатот во овој прв дел ако имаа малку повеќе среќа. Имено и Булатовиќ и Белиќ ја погодија по еднаш и стативата и пречката од голот на гостите, но не успеаја да ја погодат мрежата.

Арсими главно се обидуваше преку противнапади да го загрози голот на Пелистер, но и гостите немаа вистинска зрела шанса за погодок. Можеби оној шут на Авдули во завршницата кој заврши во рацете на Јовчевски.

Останува да видиме каков фудбал не очекува во второто полувреме.

ПретходноМанчестер обоен во сино: Халанд и Фоден го „решија“ Јунајтед (ВИДЕО)
СледноПрилеп ја доби драмата со Куманово