Билетите за ОИ во Лос Анџелес се наскоро во продажба: Почетните цени се многу ниски!

22

Домаќинот на Летните олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес објавија дека продажбата на билети ќе започне во јануари 2026 година, а билетите за Параолимписките игри ќе бидат пуштени во продажба на почетокот на 2027 година. Почетната цена е поставена на 28 долари. Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите по трет пат, по изданијата во 1932 и 1984 година.

Организаторите ќе објават повеќе информации за пакетите, поединечните дисциплини и датумите како што се приближува продажбата. Се очекува интересот на публиката да се зголеми со објавувањето на деталниот распоред по спорт и локација.

За споредба, минатогодишните Игри во Париз беа критикувани поради нивните цени, при што билетите за некои настани достигнаа 100, па дури и 1.000 евра, додека најприфатливите, почнувајќи од 24 евра, брзо се распродадоа. Затоа политиката на цени на Лос Анџелес ќе биде под посебен надзор од самиот почеток.

ПретходноСистем и календар за натпреварување во МТЕЛ Супер лига-мажи за натпреварувачката сезона 2025/2026
СледноУО на ФФМ одлучи: Македонија – Казахстан за 400 и 300 денари