Алкалоид го доби шампионскиот пехар кој го освои во ЕХФ Европскиот Куп минатата сезона. Кирил Лазаров и неговите момци испишаа историја во македонскиот, европскиот и клупскиот ракомет, тие станаа првиот наш тим кој дошол до овој пехар. Успехот е уште поголе ако се земе во предвид дека до него Алкалоид дојде на крилата на македонски ракометари, во составот имаше само двајца странци, кои имаа споредна улога на теренот.
„Новото големо одличје за македонскиот ракомет е во нашите витрини! Заслужениот европски пехар конечно е во рацете на РК Алкалоид!
Моментот за клупска историја го одбележавме со фотосесија, а ова се прв дел од фотографиите преку кои можете да ѕирнете одблизу како го прославивме трофејот“, порачаа од РК Алкалоид.
View this post on Instagram