Промена на ситуацијата кога станува збор за тимот на Шкупи. В сабота во рамките од новото, седмо коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Шкупи и официјално својот меч како домаќин ќе го одигра на својот стадион во Чаир. Предмалку клубот ја лиферуваше оваа информација, што значи дека проблемите на оваа тема се разрешени.
Со почеток од 15:30 часот Шкупи ќе го пречека тимот на Македонија ЃП, и тоа за прв пат сезонава на својот стадион како домаќин.
Струмица „глумеше“ домаќин на Шкупи на последниот меч, но секако дека тоа не беше решението.
Чаирчани немаат сеуште освоено бод, а дали тоа конечно ќе се случи дома, останува да почекаме до сабота.