Хајдук следното лето доаѓа на пријателска со Осогово во Кочани

65

Еден до најголемите фудбалски клубови во поранешна Југославија, сплитски Хајдук, ќе одигра пријателски меч со екипата на Осогово. Како што денеска објави в. д. градоначалникот Венко Крстевски, тој остварил средба со претседателот на ФК Хајдук, Иван Билиќ, со кого е договорено гостување на хрватскиот гигант во Македонија.

„Со претседателот Иван Билиќ се договоривме Хајдук да одигра пријателски натпревар со Осогово во Кочани. Според календарот за настапи тој натпревар би бил во август 2026 година, во вториот дел од летниот подготвителен период. За жал кога Осогово одбележуваше 100 години од основањето, не се одигра натпревар од ваков тип, со кој ќе беше соодветно прославен и обележан јубилејот, но за 102 години Хајдук ќе гостува во Кочани“, истакна в. д. градоначалникот Крстевски.

ПретходноАнализа: Три англиски клуба се во ТОП 5 фаворити за освојување на Лигата на шампионите
СледноКазна за Кристал Палас: „УЕФА МАФИЈА“ чини 10.000 евра