Одлична претстава на Вардар во Гостивар на тешкото гостување кај Арсими. Четата на стратегот Гоце Седлоски покажа моќ, доминација, покажа како треба да се однесува една екипа која претендира да биде шампион.
Секако дека Мато со својот хет-трик беше најзаслужен, Матиќ со голот, Омерагиќ со асистенциите, Бабунски со играта во средината на теренот и сите останатаи вардарци, ама голем придонес има и стратегот Седлоски кој уште еднаш докажа дека и тоа како си ја знае својата работа.
Целосна дисциплина, неговиот тим уште од стартот знаеше што треба да направи, имаше идеја во текот на целиот меч како треба да се одигра. И затоа на крајот резултатотбеше 1:4 за тимот на Седлоски.