Али Коч му возврати на Мурињо: Само мртвите и будалите не се менуваат

94

Жозе Мурињо е нов тренер на тимот на Бенфика. Саката околу неговиот ангажман траеше неколку дена, и тој конечно беше претставен во Лисабон.

На официјалната прес конференција, Мурињо на зачудување на многумина реши критички да се осврне кон сега веќе неговиот поранешен клуб Фенербахче од каде што и дојде во Бенфика, со тезата дека турскиот гигант воопшто не е клуб на негово ниво и дека тој погрешил што го прифатил предизвикот во Истанбул.

„Погрешив што по преземав Фенер. Тоа не е моето културолошко ниво. Не беше ниту мое фудбалско ниво. Едноставно, тие не се моето ниво воопшто“ – изјави Мурињо.

На ова пак, првиот човек на Фенербахче, Али Коч возврати на свој начин.

„Тренер кој што е на ова ниво сам себе се деградира кога зборува на таков начин. Потребно е да се прилагодиш на ситуацијата, на позицијата. Пости поговорка која вели, само мртвите и будалите не се менуваат“ – изјави претседателот на Фенербахче.

 

ПретходноБошко Ѓуровски се онесвестил за време на комеморацијата за Дејан Миловановиќ
СледноМоментот кога Бошко Ѓуровски се онесвести (ВИДЕО)