Полска и Турција први четвртфиналисти на СП во одбојка

34
фото: Volleytrails (X)

Одбојкарските репрезентации на Полска и Турција се први четвртфиналисти на светското првенство во одбојка во машка конкуренција кое се одржува на Филипините. Полската репрезентација ја оправда улогата на фаворит и ја победи Канада со резултат 3:1 (25:18, 23:25, 25:20, 25:14), а Турција претходно со истиот резултат беше подобра од селекцијата на Холандија 3:1 (27:29, 25:23, 25:16, 25:19).

Полјаците беа јасни фаворити на мечот со Канада и тоа го покажаа во првиот сет. Селекцијата предводена од Никола Грбиќ, рутински го реши мечот во своја полза, иако и Канаѓаните одиграа солиден меч.

За утре се закажани уште две осминафинални пресметки. Во 9.30 часот наутро по средноевропско време ќе се сретнат Аргентина и Италија, додека од 14 часот следува дуелот меѓу Белгија и Финска.

ПретходноСо две „бомби“ на Милитао и Мбапе, Реал рутински го победи Еспањол (ВИДЕО)
СледноВечното дерби во Хрвaтска за „модрите“: Динамо (З) повторно го расплака „Пољуд“