Пелистер се спаси од срам: Хосни донесе реми против Алкалоид(ФОТО)

308

Одличен дерби натпревар во Автокоманда меѓу Алкалоид и Пелистер, дуелот заврши без победник 33-33. Момците на Кирил Лазаров ја имаа победата во џеб, но не покажаа стабилност во решавачките моменти, наместо напад за печат на триумфот, им дозволија на гостите да се изборат за реми. Хосни погоди нерешен исход во мечот од третото коло во Супер-лигата.

Тордарсон со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Дамјан Митев со 6 погодоци, по пет гола имаа Борзаш и Серафимов. На другата страна Кузмановски запиша 10 гола, херојот на битолчани Хосни со вториот гол донесе радост.

Прво полувреме во кое момците на Кирил Лазаров на терен покажаа зошто се незгоден противник и за поискусните тимови, битолчани не поведоа ниту еднаш, двапати израмнија. Алкалоид поведе со 2-1, позитива која ја имаше и во шестата минута (4-2), период во кој битолчани имаа серија на грешки. Водството на домашниот беше и три гола разлика (7-4 и 8-5). Токму при последните +3, Алкалоид не искористи напад за да поведе со четири гола разлика. Следеше казна на спротивната страна, Манасков доближи на 8-7. Кузмановски израмни на стартот на 20-та минута на 11-11, но тимот до Автокоманда повторно дојде на плус два 14-12. Второто израмнување беше во 26-та минута (14-14). На одморот резултатот беше 15-14.

Алкалоид отвори со 4-1 (две одбрани на Галевски) за 19-15 во 36-та минута. Гарабаја повика тајм-аут, неговиот тим беше излезен од ритам. Битолчани цели 6:30 минути беа без постигнат гол. Манасков и Хосни ги разбудија своите соиграчи, вратија од 4-1 за 20-19 во 32-та минута. Митев со удар од седум метри на средината на овој период зголеми на 22-20.

Со голот на Серафимов за 27-25 започнаа последните десет минути од дуелот. Алкалоид имаше и шанса да поведе со плус три, но повторно не ја искористи. Дамјан Митев реализираше седмерец за 32-30 на две и пол минути до крајот. Пелистер остана со двајца играчи помалку. Шанса за момците на Лазаров. Наместо сигурен напад, Алклоид не реализираше, но тоа го стори на минута до крајот за 33-31. Кузмановски погоди пенал за 33-32. Лазаров повика тајм-аут, останаа 16 секунди, Алкалоид загуби топка не се разбраа Борзаш и Тордарсон. Хосни казни за конечни 33-33.

Алкалоид има две ремија и една победа, додека на другата страна за Пелистер ова беше прво реми, има две победи.

ПретходноАрсенал во 90+3.минута се спаси од пораз во мега – дербито со Сити!
СледноЛеверкузен и Менхегладбах одиграа без победник! Унион Берлин во голеда со победа кај Франкфурт!