Пелистер 2 го запиша вториот триумф во Супер-лигата, откако на гостински терен кај Куманово славеше со 28-30 во меч од третото коло.
Битолчани имаа комотна предност на пет минути до крајот (24-28), му дозволија на противникот да дојде на минус еден, но не и да се избори за реми. Пелистер водеше и после првото полувреме (12-15), најава дека овој меч планира да го заврши во своја корист, така и беше.
Белистојановски и Марковски беа лидери со по седум гола, на другата страна не беа доволно деветте гола на Ончев.
После третото коло Куманово има победа и два порази, додека Пелистер 2, две победи и пораз.