Тоа требаше да биде убава фудбалска „приказна“, но сега веќе јасно е дека нема ништо од тоа, ако и имало. Сега веќе е готово, турскиот спонзор кој ветуваше голем и силен Тиквеш, си замина и тоа неславно, и тоа без да исплати ни денар на играчите, барем така се говори во фудбалската чаршија во Кавадарци.
Па така клубот, гордоста на Кавадарци повторно ќе биде под Општината, како и што беше до пред три месеци, ама со помал буџет од предвидениот. Во секој случај градоначалникот Митко Јанчев повторно ќе биде тука, како и порано за ФК Тиквеш.
Со заминувањето на Турците, си замина и спортскиот директор Емир Шабани кој беше дел од таа нивна структура.
Ова се лоши вести од Кавадарци, ама барем да се знае до каде е ситуација и да се поправи нешто што може и треба да се поправи со оглед на тоа дека минаа седум кола од новата сезона во ПМФЛ.