Пановски: Доаѓам во Битола да ги земам 3-те бода!

135
ФОТО: KF Baskimi/FB

Со денешната средба Пелистер – Башкими се заокружува 7-то коло во Првата Лига. Гостите од Куманово се полни со позитивна енергија, посебно после големата победата над Силекс. Башкими има 3 победи оваа сезона и сега ја бара и четвртатата. Меѓу играчите владее одлична атмосфера, додека Борјан Пановски, кој дојде од Пелистер во тимот од Куманово, уверен е дека неговата екипа има сили да дојде до трите бода.

Владее одлична атмосфера во тимот, работиме максимално и максимално сме спремни за гостувањето во Битола. Се враќам во градот каде што бев пред 2 години. Нормално е да имаш позитивни емоции, но овој пат доаѓам во Битола да ги земам тие 3 бода. она што го барав на секој натпревар кога играв за Пелистер “

Пановски посакува да се продолжи низата на успеси и таа енергија од победата над Силекс да се пренесе и на натпреварот во Битола.

Сакаме после победата над Силекс до го продолжиме тој победнички ритам и да се вратиме со 3 бода од Битола. Башкими на секој натпревар оди на победа и убеден сум дека нашата екипа ќе го остави срцето на терен и заслужено ќе ги освои тие 3 бода.”

Натпреварот Пелистер-Башкими, кој се игра на стадионот “Петар Милошевски”, ќе почне во 15.30.

Претходно„Знаеме каква атмосфера не очекува во Битола, но веруваме дека можеме да им создадеме проблеми„
СледноПелистер е заинтересиран само за победи