Петар Атанасијевиќ: Сакаме да победиме за „Чкембари“!

72

По победата над Загреб и поразот од Пари Сен Жермен, Пелистер го чека дуел со вицешампионот на Данска, ГОГ Гудме. Пред натпреварот, закажан за в среда од 20:45 во „боро Чурлевски“ во Битола, Петар Атанасијевиќ го најави дуелот.

„Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со Загреб и ПСЖ. Сакаме да извојуваме победа и да ги израдуваме нашите фанови особено „Чкембари“ кои што слават роденден од 40 години. Сите веруваме во чуда и на натпреварите даваме по 200% и секогаш ќе се бориме до крај – до последните минути“, изјави македонскиот репрезентативец.

ПретходноПелистер е заинтересиран само за победи
СледноЛапорта: Второто место ќе биде дополнителна мотивација за Јамал