Официјално: Тузолана е нов ракометар на Вардар! (ФОТО)

65
ФОТО: RK Vardar 1961/FB

По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше Жуниор Тузолана (30 години, 187 см.) кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.

Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.

Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола.

ПретходноАртета го бранеше Ѓокереш после бројните критики
СледноКипар е противникот на Македонија во Дејвис купот!