Утре со почеток од 15:30 часот на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, ќе се одигра заостанатиот меч од 4.коло меѓу Работнички и Шкендија. Секако екстра важен и за двете екипи. За Работнички да избега од долниот дел на табелата, а за Шкендија да фати приклучок со водечките Сттрга ТЛ и Вардар.
Познати се официјалните лица за ово меч. За главен судија е одреден Стојанче Трпчевски а еве ја комплетната листа со официјалните лица:
Судија: Трпчевски Стојанче
1. помошен судија: Ицев Тоше
2. помошен судија: Трпчевски Драган
Четврт судија: Величков Боби
ВАР: Ќерими Бењамин
АВАР: Дејаноски Мартин
Оператор за повторување на снимка: Костовски Дејан
Делегат: Перески Зоран
Контролор: Ширилов Игор