Како што и беше најавено од страна на нашиот шампион. Во пресрет на 2 октомври и историскиот меч од лигашката фаза во Лигата на Конференции, оној со Рајо Ваљекано на гости во рамките на 1.коло, Шкендија ги пушти во продажба новите дресови со кои ќе игра и во Европа.
И натаму преовладува црвено – црната боја, има мали промени во дизајнот, но секако дека ќе бидат доста продавани.
Како што се информира, цената на еден дрес за возрасни е 60 евра, додека за деца е 50 евра.