Во пресрет на стартот на новата сезона, МЗТ Скопје преку своите социјални мрежи се пофали дека има нов дрес и пред се нов партнер, односно нова позната марка која ќе го “облекува“ шампионот.
Тој бренд е италијанскиот “Макрон“, познат по тоа што изработува дресови за многу познати европски клубови.
„Нов дрес, нов партнер – исти шампионски амбиции“ порачаа од МЗТ Скопје.