Фудбалерот на европскиот шампион ПСЖ, Ашраф Хакими е убеден дека неговиот соиграч Нуно мендеш знаек како да се справи со младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.
ПСЖ ќе се соочи со Барселона во второто коло од Лигата на шампионите утре.
„Тој не игра на мојата страна, но мислам дека ќе игра против најдобриот лев бек во светот, Нуно Мендеш. Мислам дека Нуно е способен да го запре Ламин, исто како што тоа веќе го направи со други напаѓачи како Ламин. Ќе се обидеме да му помогнеме да избегне средби еден на еден, бидејќи ги знаеме неговите вештини во такви ситуации. Но мислам дека ќе биде се како што треба“, рече дефанзивецот на ПСЖ.