Макаби му прави вистински хаос на Динамо Загреб

125

Во рамките од новото коло од Лигата на Европа екипата на Макаби Тел Авив ќе го пречека Динамо Загреб на свој терен. Ако може тоа воопшто така да се нарече играњето на израелскиот претставник во Бачка Топола, Србија како домаќин.

Безбедносната ситуација во Израел е добро позната, УЕФА беше на раб да ги суспендира фудбалските активности на оваа земја, но лобирањето пресуди во корист на државата која е сериозно моќна очигледно на сите полиња.

Беше одлучено да игра на стадионот на ТСК Бачка Топола, а на Динамо Загреб тоа реално малку му одговара. Навивачите на овој клуб, Бед Блу Бојс нема да присуствуваат на овој меч од разбирливи причини, а експедицијата на Динамо претходната ноќ ќе ја мине во Белград. Дури на денот на мечот ќе замине на 160 километри оддалечената финална дестинација.

Секако, ова за хрватскиот тим ни малку не е едноставно но според информациите од Загреб во таборот на Динамо се помирени со ситуацијата и едноставно ја имаат прифатено.

 

ПретходноВлегоа „Чкембари“ и настана хаос во СЦ „Јане Сандански“ (ВИДЕО)
СледноБутел, Пролет и Охрид победнички