Пелистер не успеа да дојде до нова победа против Вардар 1961, на гости беше совладан со 31-28 во меч од петтото коло во Супер-лигата. За актуелниот македонски првак ова беше прв пораз оваа сезона, има едно реми и три победи, па сега зад Вардар заостанува три бода, еден зад Алкалоид, кој е втор на табелата.
Филип Кузмановски, капитенот на битолчани беше стрелец на пет гола. После мечот потенцира дека не биле изненадиле од играта на противникот, сами се виновни за поразот.
„Ни се повторуваат истите грешки. Бевме мотивирани максимално, добро го познаваме противникот, ги победивме мечевите пред стартот на сезоната, како во Суперкупот, тогаш бевме подобро спремни. Вардар не не изненади со ништо, самите сме виновни, треба добро да анализираме и да ги решиме нашите проблеми ако сакаме да се вратиме. Ќе биде психолошки тешко, бидејќи играме против Охрид на домашен терен, а знаеме дека после долги години домашната лига е навистина подобра. Ќе биде потребен фокус, не е лесно д се игра во домашното првенство и во Лигата на шампиони, но имаме добри играчи, одиме понатаму да го оствариме зацртаното“, рече Кузмановски.