Шкендија својот 62 европски меч, ќе го одигра во лигашката фаза во Лигата на Конференции!

32
ФОТО: KF Skendija/FB

Шкендија на “Ваљекас“ во Мадрид ја испишува своја клупска историја. Актуелниот шампион на Македонија за првпат во својата историја ќе игра групна или по ново лигашка фаза и тоа во Лигата на Конференции, и тоа како гостин кај Рајо Ваљекано.

Ова ќе биде вкупно 62 европски меч за Шкендија.

Ако се навратиме малку низ историјата тогаш ќе видиме дека на тие 61 европски натпревари тетовци успеале да победат на 22 меча, поразени се на 28 и одиграле 11 натпревари без победник.

Од друга страна Рајо досега има одиграно само 14 европски меча, има 10 победи, и по две ремија и порази.

Значи Шкендија е далеку поискусна кога станува збор за европските натпревари.

Шкендија досега има играно и со клубови како Партизан, Абердин, Милан, Шериф, Салцбург, Розенборг, Тотенхенм со Мурињо во Скопје, Стеауа, Карабах, Лудогорец…

Највисоката победа ја има против ТНС од Велс со 5:0 во 2018 година, а највисокиот пораз од Милан на “Сан Сиро“ со 6:0.

И конечно по долги години посакувања, амбиции, неостварени желби дојде тој ден да Шкендија настапи во групната или лигашка фаза во Лигата на Конференции.

ПретходноМалус: Од дете сонував и тренирав за ваква атмосфера и вакви натпревари
СледноПерез: Шкендија не е тим кој шпекулира, имаат офанзивен потенцијал