Официјално: Игор Ангеловски е нов тренер на кипарски Етникос Ахна

183
фото: Ethnikos Achnas FC (FB)

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски од денеска е нов тренер на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.

Клубот го потврди доаѓањето на Ангеловски, кој заедно со себе како асистент ќе го има и Милан Илиевски, со кого работеше и во нашата репрезентација. Ангеловски подолг период беше без тренерски ангажман, па сега доаѓа во кипарскиот тим во обид да го однесе во европските купови следната сезона.

Етникос Ахна во досегашниот дел од сеозната има две победи на пет одиграни меча.

Интересно е што Ангеловски викендов ќе го има дебито на клупата на својот нов клуб и тоа веднаш против екипата на Красава на чија клупа седи уште еден наш поранешен селектор, Чеде Јаневски.

ПретходноЛига Конференции: Шкендија го дочека денот кој што го сонуваше, време е за фудбалско уживање!
СледноФедерер влегува во тениската „Куќа на славните“