Женската одбојкарска репрезентација на Србија избори пласман во финалето на 32. Европско првенство во женска конкуренција, откако денеска во порвото полуфинале, Србинките ја победија Турција, со 3:1 (32:34, 28:26, 25:23, 25:13).
Со победата над Турција, Србинките имаа можност да играат за својата четврта европска титула, трета по ред. Мечот против Турчинките ќе остане запаметен по фантастичната игра на двете селекции, особено во првите три сета, во кои се водеше немилосрдна битка, достојна за најголемите натпревари.
Фантастична вечер имашесрпската смечерка Тијана Бошковиќ, која средбата ја заврши со 39 поени. Противник на Србија во финалето ќе биде победникот од второто полуфинале кое се игра вечерва меѓу Италија и Холанија.