Шкендија со пораз на гостински терен кај Рајо Ваљекано ја отвори групната фаза во Конференциската лига. Актуелниот македонски првак беше совладан со 2-0 во првото коло.
Тренерот Јетон Беќири после мечот прво ја пофали атмосферата потенцирајќи дека Рајо целосно ја заслужил победата, а неговите момци во првото полувреме биле импресионирани од името на противникот.
„Ова беше извонредна атмосфера, создадена од навивачите кои беа прекрасни во текот на целиот натпревар. Рајо целосно ја заслужи победата. Мислам дека во првото полувреме имавме многу почит кон противникот кој ни се наметнува и лигата од која доаѓаат. Но, исто така, во однос на физичката подготвеност, во второто полувреме тимот трчаше повеќе и беше подобар и во одбраната и во нападот.“
Според стратегот на Шкендија Рајо е еден од најдобрите клубови во Конференциската лига.
„Мислам дека е еден од сериозните кандидати за ова натпреварување. Бидејќи доаѓа од многу силно првенство, што е Ла Лига, а тимот на Рајо е тим кој треба да се почитува, особено за начинот на кој игра фудбал на офанзивен и агресивен начин. Дури и најдобрите тимови во светот имаат многу тешкотии тука на овој терен.“
Што се однесува до самиот меч, Беќири истакна дека нивото на кое игра Рајо е многу повисоко од нивното, нешто што треба да се прифати, бидејќи во ПМФЛ се е поинаку,
„Дефинитивно е тим кој обично игра фудбал со многу комбинации, брз и агресивен фудбал. Исто така, ќе прифатиме дека нивното ниво е повисоко од нашето и дека не сме навикнати да играме против тимови од ова ниво во нашите првенства или дури и во Европските купови и моето мислење е дека и покрај поразот, денес стекнавме искуство и научивме како да играме фер фудбал и модерен фудбал.“
Тој беше прашан и разликата меѓу шпанската и македонската лига…
„Мислам дека помеѓу шпанскиот фудбал и македонскиот фудбал, поточно зборувам за шпанската лига и македонската лига, постои многу голема разлика во однос на нивото на игра и терените, кои се сосема различни. Но, ова е можност за нас да се соочиме со противник од ова ниво, која не ни се дава секој ден, и се надевам дека ќе ја искористиме на најдобар можен начин и дека во иднина ќе ни служи како многу позитивна лекција.“
Следен противник во ова натпреварување за Шкендија е Шелбурн, мечот се игра на 23 овој месец, додека во ПМФЛ за три дена македонскиот првак е гостин на Пелистер.