Веспрем и Манасков си закажаа финале со ППД Загреб

113

Веспрем се пласираше во финале на Ф4 во СЕХА-лига и се најде на чекор од одбрана на титулата. Унгарскиот тим за кого настапува Дејан Манасков го совлада Мотор со 36-29 (20-14) и си закажа пресметка со ППД Загреб.

Македонскиот репрезентативец постигна два гола од четири обиди. Маргуч со 9 гола и Ненадиќ со седум беа први стрелци.

Мотор пружи силен отпор добро се држеше до 23. минута по која, Веспрем со серија од 6-0 поведе со 19-13. Со истата разлика унгарскиот состав замина на одморот (20-14).

Во продолжение Мотор се обидуваше да ги размрда редовите на противникот, дојде на 25-23, но во следниот напад Дејан Масков со првиот гол на мечот го спречи налетот на противникот.

Веспрем со нов налет на 10. минути до крајот го најави триумфот, поведе со 30-25 и до крај не дозволи изненадување.

Финалето се игра во недела со почеток во 19 часот.

Фото: Веспрем

ПретходноСТРУЧЕН КОМЕНТАР/ Јошко Миленкоски: Браво Филип Савовски!
СледноМедведев без загубен сет до осминафинале на УС Опен