Реализиран меѓународен ФИБА семинар за статистичари

21

Денеска, во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа меѓународниот ФИБА семинар за статистичари на кој присуствуваа сите статистичари од Суперлига мажи.

Семинарот го водеше ФИБА инструкторот Андреј Баш кој ги презентираше последните измени во кошаркарските правила и статистичките правила на Светската кошаркарска федерација.

Сите присутни се стекнаа со право на водење на статистика во сите сениорски лиги во организација на МКФ, а оние кои успешно ќе го положат ФИБА тестот во текот на утрешниот ден ќе се стекнат и со тригодишна ФИБА лиценца за водење статистика на сите меѓународни натпревари на национално и клубско ниво во државата.

ПретходноКФСМ стави крај на „животот на вересија“ – Прволигашите навреме ги исплатија долговите!
СледноЕкс-тимот на Димитријевиќ го растури Зенит