Репрезентацијата на Италија и закажа финале на Србија на 32. ЕП во одбојка за жени. Италија вечерва во второто полуфинале славеше против Холандија во четири сета со 3:1 и обезбеди место во големото утрешно финале во Белград.
Италија славеше без многу проблеми во првите два сета, 25:19, потоа 25:17. За добриот напад на Италијанците и играта во поле, Холанѓанките не најдоа решение. Сепак, пресврт беше забележан во третиот сет, кога „лалињата“ се вратија за 2:1.
Меѓутоа, Италијанките во четвртиот сет тргнаа со серија поени и на крајот славеа со 3:1. Италија и Србија утре во 20 часот во Белград ќе се борат за престолот.