Алонсо: Се обидуваме да доминираме и да играме што е можно повисоко

31
FOTO XABI ALONXO X

Екипата на Реал Мадрид синоќа на свој терен одработи уште една задача. Беше на висина на истата. Обезбеден е триумф против тимот на Виљареал со 3:1, во кој Винициус постигна два гола, а и Мбапе се запиша во листата на стрелците.

Тренерот Чаби Алонсо со свое видување по дуелот во кое ја објасни играта на тимот како и тоа како треба истиот да се однесува на терен во иднина.

„Се чувствувам навистина добро. Натпреварот беше многу тежок и игравме со сериозна решителност и упорност. Многу добра победа“,започна Алонсо.
„Секогаш имаме ист пристап: се обидуваме да доминираме и да играме што е можно повисоко. Мора да играме како тим и да дејствуваме енергично. Имавме неколку навистина добри моменти“, рече Алонсо, а потоа даде информација околу повредите во тимот.
„Килијан Мбапе чувствуваше болка во глуждот, ќе видиме што ќе се случува. Франко Мастантуоно има истегнување на тетивата“, додаде Алонсо.
ПретходноДарио Ивановски: Овој триумф е за сите Македонци!
СледноКомпани со Баерн Минхен испиша историја!