Во рамките од деветтото коло од ПМФЛ шампионатот во моментов се играат два дуела.
На Арената Тодор Проески во Скопје во дербито на колото се среќаваат Вардар и Струга Тим Лум.
Гостите водат на полувреме со голот на Буњамин Шабани, откако Папе Фал одлично од лево нафрли, а капитенот на Струга погоди со глава.
Потоа, Вардар имаше ситуација преку Мато кој шутираше преку голот од изгледна позиција.
Од друга страна во Кратово, Силекс на полувреме води против тимот на Тиквеш со 1:0.