Кошаркарите на ТФТ со вредна победа на гости во Гевгелија ја отворија новата сезона во домашното првенство. На средбата со Кожуф, ТФТ славеше со 79:87 и успеа да ги освои бодовите со кои најавува повторно атак на највисоките места на првенствената табела.
Составот од Тафталиџе јадоби првата четвртина со 18:22, а до крајот на полувремето Кожуф успеа да ја анулира разликата и на одмор да замине во егал (45:45). Сепак, на почетокот на второто полувреме гостите одиграа брилијантно, не му дозволија на ривалот да се доближи до предноста која ја направија и во последната четвртина умешно ја сочуваа разликата за победа.
Гордон со 22 и Зафиров со 15 поени беа најдобри реализатори во составот на ТФТ, додека кај Кожув со 21 поен најефикасен беше Парвис.