За Стефанос Циципас го заврши настапот УС Опен. Грчкиот тенисер дефинитивно нема по добро да го памети годинешното издание на гренд слемот во Њујорк. Иако дојде како трет носител, сепак ги спакува куферите, а за потоа му помогна Карлос Алкараз.
18-годишниот Шпанец по голема драма го совлада со 3-2 по сетови (6:3, 4: 6, 7: 6, 0: 6, 7: 6).
Со своето однесување на теренот, Гркот ја сврте публиката против себе, младиот Карлос Алкараз го играше тенисот на својот живот.
Секогаш кога изгледаше дека ќе падне, Шпанецот наоѓаше сила која го носеше кон победата. Го освои првиот сет со 6-3, потоа го загуби вториот (4-6) и многумина мислеа дека тоа е крајот. Го освои третиот 7-6, а потоа го загуби четвртиот и тоа убедливо со 0-6, но и тој успеа да се врати оттаму!
Петтиот го заврши во своја корист по тај-брејкот, на сервис на Циципас.
Ова беше импресивен натпревар, најдобар на турнирот досега и траеше цели четири часа и 11 минути. За тоа време, видовме неколку пресврти, но и млад шпански тенисер, кој сигурно ќе биде дел од светскиот врв во наредните години.
Моментално е 55-ти играч на планетата, но според играта што ја покажа, нема да остане таму долго.
ФОТО: УС ОПЕН/Твитер