Денеска во Виена беше одржана ждрепката за третата квалификациска рунда за ЕХФ Купот, па така нашите претставнички ги дознаа своите ривали.
Ракометарките на Ѓорче Петров имаат шански предизвик и тоа во екипата на Елче. Екипа која е им позната на “Лавиците“ ако се знае дека досега во два наврати се среќавале со неа и во два наврати беа еликминирани.
Ракометарките на Металург Автокоманда за ривал го добија составот на Сплит од Хрватска. Првиот меч се игра на гости а реваншот дома.
Според распоредот мечевите од оваа фаза се закажани за 8/9 и 15/16 ноември.