Во Европската лига дефинитивно, Македонија ќе има само еден претставник. Е.Пелистер ќе ги чека противниците во групната фаза, додека пак Т.Пролет денеска и официјално ќе ја заврши својата европска авантура, за овој тим неуспешна. Па за разлика од минатата сезона кога Металург успешно дојде до групите, овој пат тоа не му успеа на овој тим.
Поразот од 21-396 на првиот меч против силниот шпански тим Гранолјерс во рамките на квалификациите, не дава никаква шанса за чудо. Па тренерот на Т.Пролет, Андон Бошковски и неговите избраници ќе се обидат достојно да се збогуваат со Европа.
Мечот меѓу Гранолјерс и Т.Пролет е закажан со почеток во 17:30 часот.